Државно првенство во атлетски повеќебој и шах 2013

Од 02-05.06. во Охрид беа одржани Државните првенства во атлетски повеќебој и шах.

На првенството во атлетика учесниците се натпреваруваа во фрлачки дисциплини и тоа диск, ѓуле и копје. Резултатите беа на нивото на годините на членовите но за поздравување е фактот што и покрај тоа владее голем интерес за атлетиката кај членовите. На шаховскиот турнир беа пријавени осум шахисти, а се играше по викенд правила секој со секого со половина час темпо по играч. Конечната табелата со првопласираните  изгледаше:

1.Жарко Селковски 5,5 поени

2.Мусли Пајазити 5 поени

3.Коста Костов 3,5 поени

Првопласираните тројца по одлука на Комисијата за спорт и рекреација се стекнаа со директен пласман за следната 2014 година. Исто така во склоп на Републичките спортски игри на цивилните инвалиди беше организирано и рекреативно пикадо. Исто така во склоп на манифестацијата беше организиран и еднодневен излет до Подградец Р.Албанија.

[Best_Wordpress_Gallery id=”4″ gal_title=”sport2013″]

Scroll to Top