ДЕЈНОСТИ

ДЕЈНОСТИ СО КОИ СЕ ОСТВАРУВААТ ЦЕЛИТЕ НА НАЦИОНАЛНИОТ СОЈУЗ СЕ:

- прибирање податоци за здрствената, социјална, економска, образовна, лична, семејна и друга положба на секој член, систематизирање, проучување и статистичко истражување и анализирање на тие податоци заради стекнување поединечна и општа слика за положбата на цивилните инвалиди од војната и утврдување на мерките што треба да се преземат заради подобрување на таа положба во сите свери на животот;

- запознавање на надлежните органи со утврдените резултати за положбата на цивилните инвалиди од војната и укажување на мерките што треба да се преземат за подобрување на таа положба;

- иницирање, предлагање и укажување на надлежните органи со потребните измени и дополнување на законите и другите прописи со кои се уредува положбата на цивилните инвалиди од војната;

- организирање семинари, советувања, конференции, разговори, за прашања од интерес на цивилните инвалиди од војната;

- изработка на елаборати, предлози на прописи, студии, изработка и спроведување на проекти;

- иницирање пред надлежните органи изградба, опремување и функционирање на домови за сместување и згрижување на цивилните инвалиди од војната

- организирање и спроведување на одмор и закрепнување на членовите и со средства на НАЦИОНАЛНИОТ СОЈУЗ;

- обезбедување простор за работа на НАЦИОНАЛНИОТ СОЈУЗ и здруженијата, опремување на просторот со потребни средства, обезбедување потребен кадар и други финансиски и материјални услови за работа;

- непосредна помош на членовите со средства на НАЦИОНАЛНИОТ СОЈУЗ при набавка на ортопетски помагала, санитетски справи, лекови и користење на други видови здраствени услуги;

- непосредна помош со средства на НАЦИОНАЛНИОТ СОЈУЗ на членовите кои западнале во крајно тешка материјална состојба;

- организирање сопствено културно уметничко друштво и создавање услови за негова работа, помош на членовите во сите видови на културно уметничко творештво, организирање културно уметнички манифестации;

- обезбедување на реквизити, терени и други услови за спортување и организирање спортски манифестации;

- обезбедување постојана комуникација со надлежните државни органи, социјалните, здраствени, просветни, културни, спортски и други организации и институции;

- соработка со други сродни организации во земјата и со меѓународни организации и учество во разни манифестации, конгреси, семинари, советувања и друго во земјата и странство;

- членство во домашни и меѓународни асоцијации;

- прибирање и дистрибуција на хуманитарна помош за членовите;

- анимирање на пошироката јавност перку медиумите, преку плакати и други соодветни начини со проблемите на лицата со инвалидност и создавање свест за можностите и потребата од нивно разрешување;

- сите други погодни облици и начини на дејстување.