Од 11-14.05. во Охрид беа одржани Државните првенства во атлетски повеќебој и шах.
На првенството во атлетика учесниците се натпреваруваа во фрлачки дисциплини и тоа диск, ѓуле и копје. Резултатите беа на нивото на годините на членовите но за поздравување е фактот што и покрај тоа владее голем интерес за атлетиката кај членовите. На шаховскиот турнир беа пријавени осум шахисти, а се играше по викенд правила секој со секого со половина час темпо по играч. Конечната табелата со првопласираните изгледаше:
1.Жарко Селковски 5,5 поени
2.Мусли Пајазити 5 поени
3.Исаки Насуф 3,5 поени
Првопласираните тројца по одлука на Комисијата за спорт и рекреација се стекнаа со директен пласман за следната 2014 година. Исто така во склоп на Републичките спортски игри на цивилните инвалиди беше организирано и рекреативно пикадо. Исто така во склоп на манифестацијата беше организиран и еднодневен излет до Вевчани.
На оваа Манифестација беше поканета и делегација на Националниот сојуз на цивилни инвалиди од војната на Србија. Делегацијата беше составена од основачот и почесен претседател на сојузот Г-дин Велимир Цоковиќ, потпретседателот и придружник. Беше одржана и официјална средба на која се разговараше на теми поврзани со заштитата на цивилните инвалиди во двете држави.