По повод Денот на цивилните инвалиди од војната – 6-ти Април, од почетокот на своето постоење, НСЦИВМ организира пригодна прослава. Целта на прославата е да се обележи споменот на цивилните жртви од војната и терористички напади. Намената е да се вклучат што повеќе цивилни инвалиди, а со тоа што поголема вклученост на инвалидите во живеењето и во креирање на настаните, што се поврзани со нивната инвалидност и на крај кон зајакнување на нивното чувство на припадност на организацијата. Покрај тоа активноста е наменета кон поттикнување на творештвото на цивилните инвалиди, запознавање на јавноста со нивното творештво итн. Недвојбено празнувањето на Денот на ЦИВ е посветен кон сите цивилни инвалиди и е доволно голема причина за оправданоста на оваа активност. Со оваа активност НСИВМ се обидува на цивилните инвалиди да им овозможи свое претставување и со тоа да се вклучат во социјалната околина како еднакви субјекти.

Како и секоја година, така и оваа, на 4-ти Април беше организирана Традиционалната средба, оваа година во градот домаќин – Гевгелија, на која по претходно изготвена програма и сатница беше посетен споменикот пред Домот на Културата во Гевгелија на на кое беше положено свежо цвеќе.

Потоа средбата продолжи во Домот на Културата каде беше организирана културно уметничка програма и поздравни говори на Градоначалникот на Гевгелија Г-дин Иван Франгов, кој воедно беше и покровител на оваа Манифестација, како и претседателот на Националниот сојуз на цивилни инвалиди од војната на Македонија господин Душан Нешевски.

Во својот говор претседателот се осврна на значењето на 6-ти Април ден на Окупацијата на Германија над Југославија и дека од тој моомент почнуваат и цивилните жртви во војната. Исто така тој се осврна на големиот акцент што го дава Националниот сојуз во превентивата од заостанат воен материјал. И на крај беше упатен апел да не се водат повеќе војни и со преговори и договори да се решаваат сите конфликти во светот.Исто така во склоп на оваа манифестација беше организиран Конкурс во сите основни училишта на Општина Гевгелија на тема„Војната долго се осветува“. првонаградените творби беа прочитани пред присутните.

На крајот од средбата беше организирано дружење на цивилните инвалиди од цела Македонија. На средбата присуствуваа окулу 150 членови цивилни инвалиди нивни придружници како и пријатели на Сојузот.