Во јануари се одржа дводневна работилница во организација на канцеларијата на Обединетите нации во РМ и Министерството за труд и социјална политика за изготвување на иницијален Извештај за имплементација на Конвенцијата на ОН за изедначување на правата на лицата со инвалидност во РМ. На работилницата присуствуваа претставници од сите национални инвалидски организации кој дадоа полн придонес во изготвувањето на Извештајот. Исто така, на работилницата како претставници учествуваа на надлежните министерства и претставници на народниот првобранител.