ЗАКОН ЗА ЦИВИЛНИТЕ ИНВАЛИДИ ОД ВОЈНАТА ЗАКОН ЗА ЦИВИЛНИТЕ ИНВАЛИДИ ОД ВОЈНАТА

ЗАКОН ЗА ЦИВИЛНИТЕ ИНВАЛИДИ ОД ВОЈНАТА ЗАКОН ЗА ЦИВИЛНИТЕ ИНВАЛИДИ ОД ВОЈНАТА
консолидиран текст
Закон за цивилните инвалиди од војната („Службен лист на СФРЈ“ бр.33/1976,
25/1979, 11/1981, 4/1985, 12/1989, 17/1991, 38/1991 и „Службен весник на Република
Македонија“ бр.81/1999, 165/2008; 12/2009 и 161/2009).
I. ОСНОВНИ ОДРЕДБИ I. ОСНОВНИ ОДРЕДБИ
Член 1
Co овој закон се регулираат правата на цивилните инвалиди од војната,
условите за стекнување и постапката за остварување на правата.
Член 2
Цивилен инвалид од војната, според овој закон, се смета:
1. лице кај кое настапило оштетување на организмот како последица на
ранување или повреди, настанати од тероризирање и лишување од слобода од
страна на окупаторот или неговите помагачи (жртва на фашистичкиот терор);
2. лице кај кое настапило оштетување на организмот како последица на
ранување или повреди, настанати во врска со воените операции:
бомбардирање, улични борби, заталкан куршум и др. (жртва на воените
дејствија);
3. лице кај кое настапило оштетување на организмот како последица на
ранување или повреди здобиени од заостанат воен материјал (жртва на
заостанат воен материјал) и
4. лице кај кое настапило оштетување на организмот како последица на
ранување или повреди настанати во врска со терористички акции (жртва на
терористички акции).
Член 3
Права на заштита според овој закон имаат државјани на СФРЈ, жртви на
фашистичкиот терор, жртви на воените дејствија, жртви на заостанат воен
материјал и жртви на терористички акции со трајно оштетување на
организмот од најмалку 60% (во натамошниот текст, цивилни инвалиди од
војната).
Член 4
Немаат право на заштита според овој закон цивилни лица со оштетување на
организмот што го здобиле како активни припадници и помагачи на
непријателски воени и други формации, како и цивилните лица кај кои
оштетувањето на организмот настапило како последица на нивни дејствија
насочени кон здобивање со материјална корист од заостанат воен материјал.
Право според овој закон не можат да остварат лицата кои такво право
остваруваат по друг основ.

II. ПРАВА И УСЛОВИ ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВАТА II. ПРАВА И УСЛОВИ ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВАТА
Член 5
Цивилните инвалиди од војната можат да ги остварат следните права:
1. цивилна инвалиднина;
2. додаток за нега и помош од друго лице;
3. здравствена заштита;
4. професионална рехабилитација и
5. ортопедски помагала.
Член 6
Правата според одредбите на овој закон се лични права.
Член 7
Ha цивилните инвалиди од војната им припаѓа цивилна инвалиднина според
степенот на оштетувањето на нивниот организам, независно од нивната
материјална положба.
Цивилните инвалиди од војната според степенот на оштетувањето на
организмот се распоредуваат во следните групи:
I група со 100% инвалидитет
II група со 90% .
III група со 80% .
IV група со 70% .
V група со 60% .

Процена односно наод и мислење за инвалидитетот и распоредувањето на
цивилните инвалиди од војната во групи го врши надлежна лекарска комисија,
на начин и постапка пропишана со прописите за воените инвалиди.
Надлежна комисија, во смисла на претходниот став, се смета комисија
основана за преглед на воените инвалиди за подрачјето на кое цивилниот
инвалид од војната има живеалиште.
Член 8
Висината на цивилната инвалиднина за цивилните инвалиди од војната се
утврдува според личната инвалиднина на воените инвалиди од I-та група која
изнесува 36.126,00 денари. Висината на месечниот износ на личната
инвалиднина се усогласува со порастот на трошоците на живот за претходната
година објавени од Државниот завод за статистика, во јануари за тековната
година.
Висината на цивилната инвалиднина за цивилните инвалиди од војната се
утврдува за:
– I-та група -100% од личната инвалиднина на I-та група воени инвалиди кои
користат нега и помош од друго лице;

– II-та група – 73% од цивилната инвалиднина на I-та група цивилни инвалиди
од војната;

– III-та група – 55% од цивилната инвалиднина на I-та група цивилни инвалиди
од војната;

– IV-та група – 40% од цивилната инвалиднина на I-та група цивилни инвалиди
од војната; и

– V-та група – 30% од цивилната инвалиднина на I-та група цивилни инвалиди
од војната

Член 9
Право на додаток за нега и помош од друго лице има цивилен инвалид од
војната, под услови утврдени со прописите за воените инвалиди, а во висина од
100% од ова право на воените инвалиди.
Цивилната инвалиднина од член 9 став 1 на овој закон и додатокот за помош и
нега од друго лице од став 1 на овој член се валоризираат на ист начин како и за
воените инвалиди, а во процент утврден во член 9 став 1 на овој член.
Член 10
Цивилен инвалид од војната, кој не е здравствено осигуран по друг основ, има
право на здравствена заштита според прописите за здравствена заштита и
здравствено осигурување.
Член 11
.За цивилниот инвалид од војната, кој не е здравствено осигуран по друг основ,
Центарот за социјална работа поднесува пријава за здравствено осигурување
во Фондот за здравствено ocигурувањe.
Средствата за придонес за здравствено осигурување на цивилните инвалиди
од војната од став 1 на овој член се обезбедуваат во Републичкиот буџет.
Член 12
Право на професионална рехабилитација му припаѓа на цивилен инвалид од
војната, под услови и на начин утврдени со прописите за инвалидското
осигурување на работниците.
Член 13
Правото остварено според овој закон се губи:
. со смртта на цивилниот инвалид од војната;
. со престанување на државјанството на СФРЈ и
. со осудување на казна затвор за кривично дело против народот и државата.
Член 14
Ha цивилниот инвалид од војната, кој со правосилна судска пресуда е осуден
на казна затвор подолга од 6 месеци, за време на извршувањето на казната не
му припаѓаат правата признаени според одредбите на овој закон.
Член 15
Финансирањето на обврските што произлегуваат од овој закон се врши со
средства од Републичкиот буџет.
III. ПОСТАПКА ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВАТА III. ПОСТАПКА ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВАТА
Член 16
За правата по овој закон по барање на цивилниот инвалид од војната во прв
степен решава центарот за социјална работа на чие подрачје подносителот на
барањето има живеалиште.
По жалба против решението на првостепениот орган решава Министерството
за труд и социјална политика
Член 17
Првостепениот орган е должен по службена должност да прибави докази за
утврдување на фактите односно околностите под кои настанало оштетувањето
на организмот на барателот.
Член 18
Правото по овој закон тече од првиот ден на наредниот месец по поднесеното
барање и трае се додека постојат услови за користење на тоа право.
Член 19
Барање за признавање на правата утврдени со овој закон може да се поднесе
до 31 декември 1989 година.
Лицата кај кои ќе настапат повреди од заостанат воен материјал или од
терористички акции, по влегувањето во сила на овој закон, барање за
признавање на правата можат да поднесуваат во рок од една година по
настапувањето на повредите.
Член 20
Решението донесено во прв степен, со кое се утврдува правото според овој
закон, подлежи на ревизија.
Ревизијата од претходниот став по службена должност ја врши
Министерството за труд и социјална политика
Ако против првостепеното решение е изјавена жалба, за ревизијата и жалбата
се решава со исто решение.
Ревизијата и жалбата не го одлагаат извршувањето на првостепеното решение.
Член 21
Bo вршењето на ревизијата второстепениот орган може првостепеното
решение да го: потврди, измени, поништи или укине на штета или во корист на
странката.
Првостепениот орган чие решение во ревизијата е поништено или укинато и
вратено на повторно решавање, донесува ново решение.
Новото првостепено решение подлежи на ревизија во која се испитува само
постоењето на законските причини кои довеле до поништување односно до
укинување на првостепеното решение.
Член 22
Ако против првостепеното решение не е изјавена жалба, а ревизијата не биде
извршена во рок од два месеца од денот на приемот на предметот од
второстепениот орган, ќе се смета дека ревизијата е извршена, а решението
потврдено.
Член 22
Трошоците во врска со работата на лекарските комисии од член 8, став 3 на овој
закон се обезбедуваат на начин определен со член 19 од овој закон.
Член 24
Решенијата, со кои се утврдуваат права на парични побарувања според овој
закон, се извршуваат по службена должност.
Решенијата од претходниот став ги извршува надлежниот првостепен орган со
средства обезбедени на начин определен со член 19 од овој закон.
Член 25
Првостепениот орган од член 20, став 1 на овој закон води евиденција на
цивилните инвалиди од војната од член 2 на овој закон.
Министерот за труд и социјална политика ќе го пропише начинот на водењето
на евиденцијата од претходниот став.
Член 26
Bo постапката за остварување на правата по овој закон се применуваат
одредбите на Законот за општата управна постапка, ако со овој закон не е
поинаку одредено.
IV. ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ IV. ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Член 27
Првостепениот орган во рок од 3 месеци од денот на влегувањето во сила на
овој закон, ќе изврши преведување на корисниците кои оствариле право на
цивилна инвалиднина врз основа на Законот за цивилните инвалиди од
војната (.Службен весник на СРМ. број 33/76, 25/79, 11/81 и 4/85).
До донесувањето на решение за преведување, лицата од претходниот став ќе
примаат аконтација во висина одредена со прописите што биле во сила до
донесувањето на овој закон.
Член 28
Спроведбените прописи од член 14, став 2 и член 29 став 2 од овој закон,
републичкиот секретар за здравство и социјална политика ќе ги пропише во
рок од 3 месеци по влегување во сила на законот.
Член 29
Co влегувањето во сила на овој закон престануваат да важат одредбите на член
17, точ. 2, алинеја 2 и 3, член 19, став 2 и 3 и член 31 од Законот за социјална
заштита (.Службен весник на СРМ., број 16/70, 20/71, 35/71 и 34/72), како и
одредбата на член 28, алинеја 3 од Законот за самоуправните интересни
заедници за социјална заштита (.Службен весник на СРМ., број 5/74).
Средствата што Републиката и ги обезбедила на Републичката самоуправна
интересна заедница за социјална заштита за 1976 година за покривање на
трошоците на инвалиднината на лицата кои неа ја остварувале според
прописите што престануваат да важат, ќе се користат за обезбедување на
правата утврдени со овој закон.
Член 30
Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во .Службен
весник на Социјалистичка Република Македонија.

Scroll to Top